Осомничениот од „Трезор“ треба да се појави на распит за притворот

0
1035

Денеска судија на претходна постапка треба да го повика осомничениот од случајот „Трезор“ за кој  Специјалното јавно обвинителство бара да му се одреди мерка притвор да се појави на распит во Основниот суд Скопје 1.

На распитот треба да присуствува и обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кој треба да образложи зошто се бара мерката притвор. По распитот на осомничениот, судот треба да одлучи дали ќе му одреди притвор.

Вчера СЈО го презентираше случајот „Трезор“, во кој осомничени се три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од МВР.

Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, во истражната постапка било утврдено дека четвртоосомничениот им помогнал на првите тројца осомничени да ѝ овозможат на компанијата „Финзи“, со која управувал сега починатиот Коста Крпач, да оствари имотна корист во вредност од 862.045 евра.

Извор: Мета