ОСНОВЕН СУД 1: ГРУЈЧЕ ТРЕБА САМ ДА СИ ДОЈДЕ ВО ИДРИЗОВО ВО РОК ОД 8 ДЕНА, СО САПУНЧЕ ПИЏАМИ И ЧЕТКА ЗА ЗАБИ!

0
2048

Основниот суд Скопје 1 преку соопштение реагираше на одлуката на Апелација со која беше потврдена затворската казна од 2 години за екс-премиерот Никола Груевски.

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува жалбата на прво обвинетиот и во целост се одбива жалбата на второ обвинетиот во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како „Тенк“, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за понатамошно постапување.

Согласно Законските одредби судија за извршување санкции изготвува упатен акт кој го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција“, стои во соопштението на судот.