Основен Суд Скопје 1: Сметката на „Макпетрол“ не е одблокирана, дополнително ќе се одлучува за тоа

0
997

Основниот суд Скопје 1 реагира дека Судот по однос на наводите наведени во жалбата на Макпетрол АД и по наводите од Јавното Обвинителство, дополнително ќе одлучува, што значи сметката на Макпетрол се уште не е одблокирана.

osnoven-sud-skopje-1-skopje

Во соопштението потенцираат дека Јавното обвинителство не уважува жалби и не носи одлуки за одблокирање на сметки како што тоа вчера беше пласирано во медиумите, туку како странка во постапката пред Судот само дава предлози.

„Од страна на ЈО доставен е одговор на жалба против донесеното решение на судија на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, во кој одговор се предлага жалбата по однос на опстојувањето на изречената мерка – забрана за подигнување парични средства од сметките во повеќе банки, од обжаленото решение да биде уважена и решението на судијата на претходна постапка по однос на оваа точка да биде укинато. Судот по однос на наводите наведени во жалбата на Макпетрол АД и по наводите во одговорот на жалбата на ОЈО, дополнително ќе одлучува при што се уште не е донесена судска одлука дали сметката ќе биде одблокирана по повод жалбата“, се наведува во соопштението.

Исто така, до судија на претходна постапка, бил доставен предлог за следење на платниот промет и трансакциите на сметките на Макпетрол АД Скопје, по кој дополнително судијата на претходна постапка треба да одлучи.

„Судијата на претходна постапка одлучува по барањето на јавниот обвинител веднаш, а најдоцна во рок од 12 часа од приемот на барањето. Ако судијата на претходна постапка не го прифати барањето на јавниот обвинител без одлагање ќе побара одлука да донесе советот што е задолжен да одлучува по жалби против одлуки на судии на претходна постапка и против други решенија“, објаснуваат од Судот“, појаснуваат во соопштението.