ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Oбезбедивме здрава бесплатна ужинка за сите првачиња, како и една бесплатна еднодневна екскурзија за децата од одделенска настава

0
958

За околу 400 првачиња од шест основни училишта во општина Ѓорче Петров денеска стартуваше новата учебна година.
Задоволство ми е што во основното училиште “Мирче Ацев” од каде излегоа голем број успешни граѓани и амбасадори на нашата општина, присуствував на манифестација по повод првиот школски час. Како градоначалник и родител, горд сум што денеска видов плејада првачиња нетрпеливи да влезат во еден поинаков образовен свет и систем кој во иднина од нив ќе направи образовани, учени и чесни граѓани на нашето општество.
Општинската администрација и јас лично, ќе се заложам да ги имаат сите услови за успешна работа. Задоволство ми е да најавам дека за оваа година обезбедивме здрава бесплатна ужинка за сите првачиња, како и една бесплатна еднодневна екскурзија за децата од одделенска настава.
Со среќа на сите наши ученици и првачиња, добро здравје, успех, многу петки, насмевки, пријателства и убави денови.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Линк за фото галеријата ОВДЕ