Општина Центар: Пријава до ВМРО-ДПМНЕ за нарушување на јавниот ред и мир

0
873

Ноќеска, голем број граѓани, жители на општина Центар, пријавија дека се вознемирени од бучавата и силната музика која доаѓаше од седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Надлежните од општинскиот Сектор за инспекциски работи излегоа веднаш на терен и констатираа дека во периодот од 23:00 до 23:50 минути е нарушен јавниот ред и мир.
Констатирана е бучава над дозволеното ниво, за што постои видео и аудио документација. Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ претходно, во општина Центар, не најави одржување на некаков настан.

Секторот за инспекциски работи во општина Центар поднесе пријава до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за нарушување на јавниот ред и мир.