Општина Центар: Владата присвои 15.136 м2 земјиште заради бизнисите на градежната мафија

0
782

centar

Ситуацијата со узурпирање на земјиштето на Општина Центар од страна на владата станува алармантна, соопштува општинската администрација. Во само една недела, општината открива трет случај на незаконско присвојување на општинското градежно земјиште со цел реализирање на бизнис интересите на власта.

Scan-1-page-001

„Најновиот случај се однесува на атрактивно државно земјиште на улица „Јордан Мијалков“, поранешна ул. „Железничка“. Имено, преку превезот на „градба од посебен интерес“ на 21 јули оваа година владата донела одлука за узурпирање на земјиштето и изградба на станбени објекти. Како и во претходните случаи, потписник на одлуката е лично вицепремиерот Ставревски. На идентичен начин како во случајот со земјиштето во Градски Парк и кај ПУИГ, владата наместо објекти од посебен интерес на граѓаните, планира градби од посебен интерес за бизнисите на градежната мафија“, соопшти Општина Центар.

urbanizam

Владата досега, само со овие три парцели, присвоила градежно земјиште од точно 15.136 м2 во Општина Центар, кое треба да биде наменето на градење на станбени и деловни објекти како и хотелски комплекси!, велат од општината

Го повикуваме премиерот Никола Груевски, веднаш да одговори и да не се крие позади штурите и немушти соопштенија на Министерството за транспорт и врски.

Од каков посебен интерес се овие згради кои планира да ги гради на оваа локација? Од чиј посебен интерес се згради од кој некој дебело ќе профитира?

Која е висината на предвидените градби? Дали повторно станува збор за облакодери?

Го повикуваме Министерството за транспорт и врски веднаш да ја поништи оваа одлука, а власта да ги тргне рацете од земјиштето на општина Центар. Исто така, ја повикуваме стручната јавност, граѓаните и сите засегнати страни да се вклучат во оваа дебата и заеднички да се спротиставиме на овие незаконски одлуки на владата“, стои во соопштението од Општина Центар.