ОПШТИНА ПРИЛЕП СО РЕАКЦИЈА ДО МУНГОСИТЕ НА СИТЕЛ : НЕМА ДА ГИ ЕУТАНИЗИРАМЕ КУЧИЊАТА СО ЛАЈШМАНИОЗА

0
1395

Општина Прилеп остро ги демантира наводите објавени на ТВ Сител на 05.06.2018 г. и порталите коишто ја презеле дезинформацијата, дека „Градот Прилеп ќе врши еутаназија на кучињата“. Со овој наслов и извадена изјава од контекст, се спинува основната информација дадена на прес конфренцијата, по координативната средба што на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски истиот ден (05.06.2018г.) се одржа во Општина Прилеп, со цел превенција на лајшманиозата примарно кај човекот, а потоа кај кучињата.

Основната информација е дека на оваа координативна средба, меѓу претставниците на надлежните служби и здруженија на одгледувачи на домашни миленици и нивна заштита, даден е предлог, да се изврши измена на законската регулатива за еутаназија на кучињата со цел превенција на болеста кај човекот. Но, за да се реализира една ваква иницијатива, сигурно дека претходат дебати кои што задолжително ја вклучуваат „Анима мунди“, Кинолошкиот сојуз и сите други асоцијации за заштита на животните.

Реакциите на „Анима мунди“ се разбирливи, но, препораките на Општина Прилеп и за „Анима мунди“ и за сите други здруженија за заштита на животни се, секогаш да се обраќаат до нас за точна информација, а не да се потпираат на прилози објавувани во одредени медиуми и портали.

Општина Прилеп упатува покана до сите здруженија за заштита на животни на локално ниво, да се приклучат кон акцијата за спречување на лајшманиозата. Овој сериозен проблем бара системски и мултисекторски пристап и решенија. Само со заеднички сили и конкретни мерки може да се дојде до бараните резултати, а во интерес на целата заедница.

Во рамките на законските обврски согласно со Законот за заштита од заразни болести, Општина Прилеп во соработка со Центарот за јавно здравје деновиве спроведува дезинсекција во градот, како една од мерките за превенција на лајшманиоза. Општина Прилеп, поточно ЈКП „Комуналец“ согласно законските регулативи подготвува стационар за згрижување на 50 кучиња, вработен е ветеринарен лекар, а се преземаат и бројни други мерки во функција на поголема превентива.