Опремата од Израел: Прашања што заслужуваат одговор

0
928

Недостасуваат одговори на повеќе прашања за да биде убедлива официјалната верзија на приказната за набавка на опремата од Израел, пишува „Призма“.

Ненадејната посета на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на Израел и неговите средби деновиве со тамошниот претседател и со вториот човек на разузнавачката агенција Мосад, повторно ги реактулеизираат дилемите кои произлегоа од опозициската „бомба“ со наводната провизија при набавката на полициска опрема од Израел.

Заев одлета во Тел Авив и изјави дека со тоа се покажува дека „не ги нарушил односите со Израел“, откако пролетоска обвини дека поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, зел поткуп од 1,5 милиони евра при набавка на полициска опрема од оваа блискоисточна земја. Токму МВР стравуваше дека Заев со објавата на зделката, која се води како државна тајна, може да ги наруши „блиските односи и соработката со Израел“.

Заев на пресконференцијата во април и СДСМ подоцна со кривичната за Мијалков, обвинија дека ексдиректорот на УБК во 2011 зел 1,5 милиони евра при зделка за набавка на опрема за која првично тврдеа дека се користи за прислушување. Опозицијата објави и снимки од телефонски разговори, кои според неа, ги поткрепуваат тврдењата за провизија.

МВР и Мијалков демантираа дека за зделката се потрошени буџетски пари, наводно опремата била обезбедена со странска донација, негираа дека некој зел поткуп и објаснија оти станува збор за опрема наменета за специјалните единици на полицијата, а не за прислушување, како што тврдеше Заев.

Со оглед дека договорот за набавка на опремата е класифициран како државна тајна, многу прашања останаа без одговор.

Текстот на Владо Апостолов во целост прочитајте го ОВДЕ.