Опозицијата бара сопирање на градбите на кејот на Вардар и пренасочување на парите кон поплавените подрачја, власта не се согласува

0
1035

На денешната собраниска седница на која се расправа за поплавите во скопскиот регион, опозицијата бара да запре изградбата на Панорамското тркало и парите да се пренасочат кон поплавените подрачја. Опозицијата побара да се одложат сите владини непродуктивни трошоци и да се спречат сите градби во коритото на реката Вардар, вклучително и Панорамското тркало кое веќе почна да се гради и тие пари да се пренасочат во поплавените подрачја, пренесува „Мета“.

Освен заклучоци за помош на настраданите, опозицијата бара одговорност за штетите од поплавите, додека власта се брани дека се не е време за одговорност, тука за лопата.

За преземените мерки информираа и министрите за одбрана, внатрешни работи, транспорт и врски и за животна средина, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Владо Мисајловски и Башким Амети.

Пратеничката Софија Куновска од СДСМ смета дека мора да има морална, политичка, па и кривична одговорност и да се откријат вистинските причини за овој настан. Според неа, мора да има и поединечна одговорност. Побара од власта целокупната помош и оштета да бидат ставени во јавно достапен документ. Според неа, 6 август покажа дека Македонија има комплетно колабирани институции.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара да престанат поделбите, а пратеничката Даниела Рангелова од владејачката партија дека очекувала денеска да нема собирање на политички поени. Пратениците од власта велат дека сега не е време за барање одговорност, туку за фаќање за лопата.

Куновска праша кој е датумот од кога ќе почне да дискутираме за одговорноста, а пратеникот Стефан Богоев од СДСМ дека и тој се залага да нема поделби.

Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ реплицира дека невремето е најголема катастрофа во Македонија по 1963 година. Посочи на одлуката на Владата за 100-процентна отштета на настраданите. Тој ги отфрли критиките за задоцнета реакција на институциите, особено на МВР и АРМ.

Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА рече дека државата потфрлила во спречувањето на справувањето со поплавите и побара морална и кривична одговорност од одговорните во институциите.

Пратениците од владејачкото мнозинство бараат да не се политизира несреќата.

 

На седницата се присутни министри, првите луѓе на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу и на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, но не присуствуваат премиерот Емил Димитриев и претседателот Ѓорге Иванов.

Извор: Мета