Опозиционери – нема причина за нервоза, извојувавме значајна битка

0
1067

Ситуацијата, денес на 18 мај 2016 година, е ваква:  Никола Груевски и натаму не е премиер на Република Македонија. Не е и нема да биде.

Криминалните избори закажани за 5 јуни ќе бидат одложени на неодредено време.

Целата меѓународна заедница и сите политички фактори во земјата, освен ДПМНЕ, бараат поништување на криминалната аболиција.
Таа ќе биде поништена.

Владата на Димитриев остана без министрите од СДСМ, на кои ионака им беа одземени ингеренции.

Де факто премиер на владата ќе биде Хајндл, кој заедно со амбасадорите на САД и на ЕУ треба да наметне реформи заради спроведување фер избори.

СЈО има силна меѓународна поддршка и ќе продолжи со своите активности.

Резиме:

Чекор по чекор, се движиме кон целта, кон пораз на овој режим. Опозиционери, граѓански активисти, демонстранти, бранители на слободата и на демократијата – нема причина за нервоза. Денеска извојувавме значајна битка. Вечерва славете ја победата!
Борбата продолжува и се ближи кон својот исход.

Фејсбук статус на Бранко Героски