ОПАААА, ЧВРГА ЗА ЦРНИ ГРУЈО И ОД БЕРЛИН и Меркел преку Алтхаузер: Парламентот да биде оперативен и да се избере претседател на Собранието и влада

0
1530

Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено, Парламентот да биде оперативен, да се организира самиот да избере претседател, а потоа да се избере и влада која ќе може да делува. Тоа е редоследот, возниот ред, не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите, економијата, општеството, граѓаните, истакна германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, на денешната прес-конференција на која Македонско-германското стопанско здружение ги презентира резултатите од работењето во изминатата година.

Таа смета дека треба што побрзо да се избере претседател на Собранието, и како што наведе, убедена е дека тоа ќе се случи. Според Алтхаузер, решението на кризата во однос на економијата е задоцнето.

– Предвремените парламентарни избори се одржаа пред четири месеци. Сите анализи покажуваат дека кризата негативно се одразува врз стопанството, забележан е пад на порастот на БДП, зголемен е фискалниот притисок, расте несигурноста и неизвесноста во приватниот сектор, се намалуваат инвестициите, а негативен е и порастот на одобрување на кредитите – посочи амбасадорката Алтхаузер.