(ВИДЕО) ОПАААА, ПО СЕ ИЗГЛЕДА ОВИЕ ДВАЈЦА ГРУЈОВИ ПОТТРЧКОВЦИ ЌЕ СПИЈААТ ВО ШУТКА ЗАЕДНО : Истрагата за „Титаник“ финишира – на распит во СЈО и Јанакиевски и Божиновски

0
2416

Истрагата за предметот „Титаник“ кој СЈО го отвори пред речиси една година влегува во завршна фаза, дознава ТВ 24.

Според извори на телевизијата, покрај Јанкулоска која како осомничена во понеделникот беше повикана да даде исказ, во СЈО биле и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
И двајцата во својство на осомничени лица во предметот „Титаник“ исто како и Јакулоска и тие побарале увид во доказите по што повторно ќе бидат повикани на распит.
Медиумските камери не ги регистрираа Јанакиески и Божиновски, но Јанкулоска откако излезе од СЈО во изјава за новинарите истакна дека Специјалното јавно обвинителство го изгубило својот кредибилитет како институција, но го задржало приматот на еден од најистурените организациони делови на СДСМ, односно алатка во функција на СДСМ секогаш кога ним им е потребно да постигнат некоја цел.
По објавувањето на истрагата за „Титаник“, Јанкулоска, Јанакиески и Божиновски, како и други осомничени лица беа и во Кривичниот суд по предлог на СЈО за определување мерка притвор поради основан страв дека ќе вршат влијание на сведоците и соучесниците. Но судијата на претходна постапка и Кривичен совет ги одбија предлозите на СЈО како неосновани.
Во истрагата за „Титаник“ покрај поранешните високи функционери опфатени се и нотари, судии, членови на Државната изборна комисија. Делата за кои се товарат се поврзани со изборни нерегуларности.
Според СЈО, лицата опфатени во истрагата се осомничени дека направиле целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по ниту една основа не смеат да бидат.
Дејствијата за кои се товарат осомничените започнале во 2012 година. Случајот „Титаник“ беше обелоденет на 12 февруари минатата година. Во следниов период ќе се знае дали ќе биде покренато обвинение.