ОПАААА, ПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА КОНФИСКАЦИЈА ЗА ИМОТОТ НА ДВОЈЧЕ! СЈО трагало по имот на Талевски во Хрватска – Двојче крие куќа на Јадранот!?

0
1132

Истрагата за случајот „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески стигна и до Хрватска. Специјалното обвинителство добило сознанија дека Талески поседува куќа на море, по што оваа институција испратила барање до хрватските институции да проверат дали на име на Талески постои имот во оваа земја, велат извори од СЈО за Нова ТВ.

Според изворите, хрватските власти одговориле дека на име на Талески нема имот во Хрватска, но не е исклучена можноста да постои имот на друго име, блиско до градоначалникот.

Нова ТВ го барала Талески за коментар дали тој поседува имот во оваа земја, но тој не одговарил.

ВИДЕОТО со повеќе детали ОВДЕ