Оној што вози Сеат во бомбите на Заев ќе вози накај Шутка или Идризово – Јанева : „Трансмет“, „Силекс“ и „Ваго“, добиле тендер и ансекс со што се заработени незаконски 1.6 милијарда денари.

0
1673

Специјалната јавна обвинителка најави нова истрага под името “Труст“, но и проширување на предметот “Титаник“ за уште 17 функционери на власта.

-За првиот предмет “Титаник“ ве извесутувам дека во оваа фаза е проширен за 17 лица и за повеќе кривични дела, има и финасиски импликации. Се должи на тоа што по прислушувањето на материјалите видовме дека има повеќе лица кои се инволвирани во во овие кривични дела, а се утврди 17 лица кои делувале како организатори и се функционери на власта. Основаното сомневање призлегува од поголем дел материјални докази, рече Јанева.

Јанева најави дека СЈО ќе покрене постапки за сите кои ја отежнуваат и бојкотираат работатата на обвинителството.

-Одредени функционери не ја почитуваат институцијата и законот и затоа ќе се спротивсавиме за непочитувањето. Нашиот пристап секогаш бил професионален, па иако сакаме да спроведеме професионална соработка, тоа со некои не се случи, рече таа.

Обвинителката Фатиме Фетаи, вели дека со фалсификувана документација три лица, раководители во фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Ваго“, добиле тендер и ансекс со што се заработени незаконски 1.6 милијарда денари.
Се работи за јавна набавка за ископување во Суводол, а договорот е склучен со „ЕЛЕМ“. Има три разговори во кои се открива дека имало незаконски дејствија, два од нив не биле објавени досега. Три лица свесно ги повредиле постапките за јавна набавка.

Доставена била невистинита документација за сопственоста на механизацијата и за состојбата во која се наоѓала механизацијата. Имало фактури и договори за наводно купена механизација и договори за лизинг.

Првоосомничениот од „Трансмет“ со ваква документација дека наводно ги исполнува условите ја доставил понудаат до

„ЕЛЕМ“ и склучиле договор. Тројцата осомничени од трите фирми, рече Фетаи стекнале незаконски имотна корист од 1 милијарда и 60 милиони денари или 17 милиони и 275 илјади евра.

Осомничени се и трите правни лица.

СЈО на денешниот брифинг истакна и дека во текот на денот ќе бидат испратени две барања за притвор на физички лица.како што дознаваме мерка Притвор ќе се бара за сосптвеникот на Трансмет и Силекс неметали СТ од Кратово.Барајнето СЈО денес го доставило до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.