ОНОЈ ШТО ВОЗИ СЕАТ ВО БОМБИТЕ НА ЗАЕВ, СЕАТ КОЧАН ДЕНЕС СПРОВЕДЕН СО АЛФИ ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО ПОРАДИ УЧЕСТВО НА ТЕНДЕР ВО ЕЛЕМ ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА

0
1297

Припадници на специјалната единица „Алфи“ го привеле бизнисменот Сеад Кочан со намера да го однесат на издржување на затворската казна.

Претходно полицијата од судот добила наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа.

И од МВР вечерва потврдиле дека Кочан веќе е во затвор каде треба да ја одлежи својата 4,8-годишна казна изречана во случајот „Труст“.

Акцијата на „алфите“ се одвива одлучно и најверојатно Кочан уште ноќва ќе ја помине во затворот во Идризово.

И од МВР вечерва потврдиле дека Кочан веќе е во затвор каде треба да ја одлежи својата 4,8-годишна казна изречана во случајот „Труст“.

Судот го одби бизнисменот Сеад Кочан и не му го уважи барањето за одлагање на затворската казна, соопшти Основниот кривичен суд во Скопје.

„По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за  одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од  обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како  „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна  установа“.

Кочан е осуден на 4 години и 8 месеци затвор поради лажирање документи за учество на тендер на ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра. Предметот го отвори и го застапуваше СЈО.