Она што го дознав за делењето на донациите е шокантно и не ме остава да заспијам: Преку “врски” земале вода од пунктовите во Ченто а потоа истата ја продавале по куќи во поплавените села

0
1501

Она што го дознав денеска е шокантно и не ме остава да заспијам! Сретнав дечко во продавница во Автокоманда од поплавените подрачја, вели не ни даваат да дојдеме до хуманитарната помош во ОУ 25 Мај затоа што на врата стои еден кој пушта само познати да доаѓаат и да земаат или оние кои се посилни од него да влезат на сила. Ми требаат свеќи ми вели, со солзи во очите. Немам ни вода, ми рече. Не ме пуштија да влезам да земам свеќи а други луѓе си земаа цели торби полни намирници, свеќи, тоалетна и слично. Само ми рекоа, вели, ене ти вода ако сакаш и бегај од тука.

Си велам стресот и нервозата го презема и заматува јавето. Веднаш потоа седнувам и отворам фб. Таму читам пост од моја пријателка која опишува иста ваква ситуација на истото место( може и не е истото место, тогаш е уште потрагично). Апсолутно истата ситуација. Дојдена по свеќи ја брка човек застанат пред врата кој пушта само познати или посилни од него! Си мислам хаос е, сигурно малку се преувеличува.

По 20тина минути во кафичот во кој седев, поминува мој пријател со кој куртоазно си направивме општ муабет од две минути кој заврши со солзи во неговите очи кажувајќи ми како некои, преку “врски” земале вода од пунктовите во Ченто а потоа истата ја продавале по куќи во поплавените села кон СЦГ. Да не ти се верува! Три различни и неповрзани извори во суштина ја раскажаа истата приказна! Тука мора да се спомене и дека во текот на денот во комуникација со луѓе кои живеат таму и други кои се доброволци и кои помагаат и волонтираат дознав дека таму владее општ хаос! Нема струја, нема вода, не се знае кој што прави, кога и како прави. Се случуваат грешки и несакани ситуации. Има многу кал, отпад, а малку опрема, според кажувањата. Си велам и тоа е лична перцепција и не е баш така. Има 400 војници, 120 волонтери плус самите луѓе кои живеат таму.

Институциите се на терен. Ама па си викам зошто никој не донесе агрегати за струја па и навечер да се работи! Во три смени треба да се работи! Исто така, дознав дека постои и хаос во доставувањето на хуманитарната помош. Не се знае кој кога и каде носи, а она што се носи во пунктовите вечерва од три различни извори дознав како се раздава! Викам можеби хаотично изгледа, но сигурно некој води евиденција и е запознаен со тоа што се случува! Но ова што го дознав вечерва, ова ме разочара и ме скрши како човек! Ми доаѓа да пцујам така сочно што кочијаш од Лондон во 17 век би се засрамил! Ми доаѓа да плачам толку гласно што ни Ботичели не би ме надвикал! Ми доаѓа да тепам толку силно што и Роки и Тајсон во нокдаун би паднале! Семки, мајки, шајки, крвта, фацата, племето, сржта, се да си (ви) испцујам по ред и да ми олесни! Но со тоа нема да постигнам ништо! Апсолутна нула! Наместо тоа, ќе побарам јасно, гласно и недвосмислено, Дирекција за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи да почнат да си ја работат работата! Работете бе, што правите?! Воспоставете ред.

Има ли ЦУК? Има ли ДЗС? Доста веќе овие институции се користат за задоволување на коалициони интереси! И нека ми се лутат “моите” ако мислат дека така треба! Трагедијата не познава политика и партии, уште помалку националност и вера! Ако сакате да знаете, сите информации ги добив од вмровци! Од моите! Од нашите бе! За ситна боранија партии, институции за вакви потреби немаме! Дигајте на клоци тоа говедата кои користат трагедија за профит! Тоа ви е работа! Бараме да не се покажува со прст и да се помага! Па помагајте и вие бе! Шабан да си го одработи директорското место, а тоа ЦУК има ли директор бе?! Па преку глава од профитери бе!

На луѓето им треба струја, вода, свеќи(штом нема струја), храна, хигиенски препарати! Но не на едни се, а сите други ништо! И не, не мислам на партиски поделби! Мислам само на луѓе! Малку луѓе кои земаат од се по многу и многу луѓе кои не земаат ништо! Свеќи бе алоооо! Свеќи! Кај ќе му оди душата на тоа говедо што свеќи не им дава на луѓето! ДЗС и ЦУК како и Црвен Крст или нека почнат сериозно да функционираат и да фатат чекор со Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Гази Баба и другите институции кои се вклучени (Мин за транспорт, Мин за труд и соц политика, ФЗО) или нека одат на колективен одмор, ние ќе ги замениме! Има Македонија синови и ќерки кои ќе застанат таму каде што е потребно! Ова не е политика, ова е трагедија! United we stand, devided we fall!

Златко Јанковски – Фејсбук статус