ОНА ПЛАВО МУТЛЕ СО ШИШКИТЕ НА ЧЕЛО ќе го јади стапот, Рангелова била осомничена за случајот со демолирањето на бараките од Општина Центар

0
2035

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова била една од осомничените за време на истрагата на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година, дознава НОВАТВ. Таа била дел од осомничените во истрагата, но нема информација дали таа е дел од 14-те обвинети во овој случај за којшто денеска СЈО објави дека е покренато и обвинение.

Не знам дали сум обвинета. Тврдам дека немам никаква врска со настаните во општина Центар. Гледам имале сведоци, ама тие се лажни сведоци. Јас не сум направила никако кривично дело, рече Рангелова во изјава за НОВАТВ.

Од Специјалното јавно обвинителство одбија да ги соопштат имињата на сите обвинети, како и нивните функции.