ОМ ќе ги тужи медиумите што емитуваат нелегална снимка на која Љубе Бошкоски наводно го продава името

0
900

Обединети за Македонија најавуваат дека ќе поднесат тужби за клевета и навреда против сите медиуми и новинари под контрола на власта кои емитуваат нелегална снимка со претседателот Љубе Бошкоски на која наводно го продава името.

„Истата снимка е измонтирана од страна на власта и дадена на нивните телевизии за да вршат замена на тези и да ја лажат јавноста. Лудилото кое сака да се престави како “патритизам“ оди до таму што се тврди дека Специјалното јавно обвинителство го штитела Љубе Бошкоски поради продажба на името, па затоа сега ги гони тие што го штителе името, па се до тоа дека Љубе Бошкоски бегал при апсењето и ги навредувал полицајците и затоа била применета сила. Кој каде бегал, кој применил сила, а кој не, кој свесно лажел и манипулирал и кој го продавал името и местел судски спорови со заштитени сведоци јавноста секако ќе дознае за брзо време. Вистината е како шило.“, се вели во реакцијата од Обединети за Македонија.