ОМИЛЕНОТО ГЛУВАРЧЕ НА ГРУЈО И САШО МИЈАЛКОВ ГО ОДВРЗА ЌЕСЕТО : Режимскиот олигарх Орце Камчев ќе фрли неколку илјади евра за Северина да му пее на журката

0
1453

Познатата хрватска поп пејачка Северина ќе му пее на најбогатиот македонец според листата на „Форбс“ Орце Камчев, во сабота во Скопје, се чаршиските муабети кои што се актуелни деновиве, пренесува „Фокус“.

Како што информираа дури и одредени медиуми, контоверзната пејачка ќе ги забавува гостите за време на роденденска прослава на „Систина“, чиј што сопственик е Камчев, во летниот диско клуб „Привилиџ“.

B612031C39B749409558B0861DE170EE

Освен настапот во Скопје, таа имала веќе договорен уште еден настап во земјава, овој петок, исто така на приватна забава во успешна штипска винарија.

Сепак, ниту од винаријата, ниту пак од летниот клуб сакаат да ја коментираат веста за гостувањето на Северина. И едните и другите, ниту потврдуваат, ниту пак демантираат.

„Повеќе детали ќе имаме за два- три дена, засега уште ништо не знаеме“ – изјавиле од „Привилиџ“ за „Фокус“.

Инаку, хрватската пејачка која што е присутна на естрадата над дваесет години, а се најде во центарот на вниманието во 2004 година кога во јавноста се појави нејзината приватна снимка со сексуална содржина, веќе има гостувано во земјава неколкупати. Пред три години,пред настапот во Струмица заврши во болница, бидејќи и влегол прав во окото.

Неофицијално, за настап од околу два часа, нејзините хонорари се бројат со суми во илјадници, па и десетици илјади евра.