Home Македонија ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ ВО ТАБОРОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ : ДУРЛОВСКИ, ДАМОВСКИ И ЈОВАНОВСКИ...

ПИШТЕЊЕ И ВРИШТЕЊЕ ВО ТАБОРОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ : ДУРЛОВСКИ, ДАМОВСКИ И ЈОВАНОВСКИ ПОЧНАА ДА ПЛАЧАТ ДА БИДАТ СУДЕНИ ФЕР ОТКАКО ГО ОРГАНИЗИРАА КРВАВИОТ КОЛЕЖ НА 27-МИ АПРИЛ ВО СОБРАНИЕТО!!!

0
1983

Предводниците на протестниот марш „За заедничка Македонија“ и обвинети за тероризам при крвавиот четврток на 27 април како на мамец се фатија на понудата за помирување, инаку протолкувана како амнестија, од собраниската говорница на премиерот Зоран Заев со доминација на зборовите „правда“ и „неправедност“ во нивните коментари на социјалните мрежи.

Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост, напиша на Фејсбук актерот Владо Јовановски за понудата на премиерот Зоран Заев за помирување. Јовановски е еден од обвинетите за тероризам во случајот со настаните од 27 април и е во домашен притвор.

„Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство!
Вистината е мојот најголем и единствен бранител! Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена…, напиша Јовановски.

Борис Дамовски, притворениот учесник од граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”, осомничен за “терористичко здружување” за настаните на 27 април 2017-та со коментар за говорот на Заев.

“Правда, не амнестија!” – е кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по апелот на Заев кој беше протолкуван од многумина како понуда за амнестија.

Поранешниот директор на Македонската опера и балет, Игор Дурловски се огласи преку својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев повика на помирување за настаните.

„Подарената слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ‘горе’, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој целиот живот се бори токму за една ВИСТИНСКА… СЛОБОДА“, напиша Дурловски.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ преку својот генерален секретар Игор Јанушев на крајот на денот сублимираше „со правда која мора да пристигне“ за семејствата кои се под политички прогон режиран од власта.

-Само така ќе има помирување. Правдата мора да стигне и затоа бараме нова обвинителска институција која ќе ги истражи сите случаи каде има сомнеж за нарушување на законот. И која непристрасно ќе ги анализира фактите и доказите. Еве прилика на Заев да докаже дека е за вистинско помирување и за правда без условувања. Ослободете ги луѓето од политичкиот прогон, и од притворот, правда за овие луѓе со гаранција за нивната презумција на невиност – истакна Јанушев.