Од 9 мај СДСМ ќе кампува пред Владата

0
1107

sdsm-marsh-ohrid

Со кампување пред Владата на Република Македонија, почнувајќи од 9 мај, СДСМ ќе го продолжи притисокот за оставка на Владата на Никола Груевски и за формирање преодна влада до нови парламентарни избори, пренесува Мета.

Раководството на партијата деновиве интензивно прави списоци со луѓе што би кампувале пред Владата.

Се прават и списоци на потребни материјали и храна за деновите што ќе треба да се поминат на отворено.

Од СДСМ велат дека сите опции се во игра и сè уште се развиваат понатамошните чекори.