Попустите за билетот со воз се однесуваат за групни патувања меѓу Скопје и Солун по тарифската понуда City Star, за патувања до 5 возрасни лица или до 5 возрасни лица и дете.
Па така, ако групата што ќе патува со воз, во идентичен ден, ја сочинуваат пет возрасни патници, цената на повратната карта меѓу Скопје и Солун ќе изнесува 836 денари или 13,5 евра. Ако групата ја сочинуваат пет возрасни лица и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 756 денари или 12,2 евра. Редовната цена на билетите меѓу Скопје и Солун изнесува 12,2 евра во еден правец и 19,5 евра во двата правци по патник. Железничките билети можат да се набават на меѓународната билетара на станицата во Скопје, како и во другите поголеми железнички станици до Гевгелија по кои се движи возот.
Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22:19 часот. Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари (27,6 евра), меѓу Скопје и Загреб ќе може да се патува по цена од 3.653 денари (59 евра), додека цената на картата до Љубљана изнесува 4.643 денари (75 евра) за двата правци. Важна напомена за патниците е дека експресниот воз сообраќа до белградската железничка станица Топчидер, додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз на „Грчките железници-ОСЕ“.