Од СЈО за НОВА потврдуваат: Трагаме по лице вработено во УБК!

0
1011

СЈО ја потврди информацијата на НОВА дека се трага по лице вработено во УБК. СЈО побарало од судија на претходна постапка да издаде наредба за претрес во домот на едно лице вработено во УБК. Судијата одбил да даде налог за претрес.

Со оглед на тоа дека за осомниченото лице постојат безбедносни причини да биде обезбеден, СЈО побара налог за притвор кој исто така беше отфрлен од судијата. СЈО потоа се обиде да го пронајде лицето за да го сослуша, но лицето веројатно добило дојави дека е барано и во моментов не може да се лоцира, изјави за НОВА портпаролката на СЈО, Ленче Ристевска.

Повеќе детали ОВДЕ