Од Жерновски, помош и поддршка за трудовите инвалиди од Центар

0
855

Zernovski-Zdruzenie-na-trudovi-invalidi-Centar-640x320

„Денеска, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, оствари средба со претставници на “Здружението на трудови инвалиди – Центар“. Тие ги презентираа потребите и потребите со кои се соочува здружението и од општината побараа финансиска поддршка.

Од градоначалникот добија ветување дека ќе направи се’ да излезе во пресрет на нивните барања. Помошта и поддршката за сите жители на општина Центар, а особено за здруженијата на граѓани и организациите кои делуваат на територијата на општината е програмска заложба на градоначалникот и на општина Центар.

Освен финансиската помош, на средбата се разгледуваше и можноста општината да обезбеди влезници за претстави и концерти за оваа група граѓани“, се вели во соопштението на Општина Центар.