Одложено судењето против Богоевски, не дојдоа Ахмети и Џафери

0
1000

Се одложува рочиштето во процесот на Али Ахмети и Муса Џафери против Слободан Богоевски, поранешен разузнавач поради тоа што шефот на тајната полиција не доставил одговор на тужба, а рокот уште течел. Судењето е одложено за 27 јануари. Во судницата не се појави Али Ахмети , ниту Муса Џафери, но нивното присуство не е задолжително.

Богоевски е обвинет за клевета поради неговото сведоштво за случувањата со „Маѓар телеком“.

Изјавата што ја даде Богоевски пред американската Комисија за хартии од вредност, како и пред окружниот суд во Њујорк во Македонија стана актуелна откако американскиот суд ја објави на својата интернет-страница, а македонските медиуми речиси интегрално ја пренесоа.

„Таа изјава е дадена во судска постапка. За истата изјава Ахмети и Џафери ме тужат пред граѓански суд за граѓанска одговорност дека сум ги наклеветил “, изјави неодамна на Телма, Богоевски.

Според сведочењето на Богоевски за Њујоршкиот суд, вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, експремиер Владо Бучковски, Ахмети и Муса Џафери.