Одговорен е Груевски како премиер кој бил на чело на државата 9 години, а сега е фактички премиер

0
1443

Одговорност не се бара од опозиција.

Не ме интересира дали опозицијата си прави маркетинг или не.

Одговорност се бара од оној кој бил на кормилото на бродот и го насукал до прамците во гомна.

Дајте бре не ги мешајте работите.

Одговорен е Груевски како прeмиер кој бил на чело на државата 9 години, а сега е фактички премиер.

Одговорна е Владата со сите министри кои поминале низ неа.

Одговорни се сите градоначалници од местата каде што има големи штети и жртви (на чело со Коце, а тука е и другарка ми Теута секако).

Одговорни се сите експерти низ чии раце поминале дупови, обиколници, дозволи за сеча, дозволи за каменоломи и сл.

Не е одговорен зсамо Ѓорѓе Иванов затоа што е деловно неспособен.

ИСТРАГА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА НА ОВИЕ ЛУЃЕ.

И ДАЈТЕ БРЕ НОВИНАРИ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ СЛИКАТЕ НАОКОЛУ ТУКУ ПОЧНЕТЕ ДА ГИ МАЛТЕРЕТИРАТЕ СО ПРАШАЊА.

БИДЕТЕ АГРЕСИВНИ, БИДЕТЕ НАСИЛНИ, БИДЕТЕ НЕПОПУСТЛИВИ.

ТИЕ ЛУЃЕ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ И ЗАРАДИ НИВ ВО ОВАА ДРЖАВА СЕ УМИРА НА АНГРО.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска