ОГРОМЕН ШОК ЗА ТАБОРОТ НА ВМРОВЦИТЕ И ПУТИНИСТИТЕ : Макрон го менува ставот за проширувањето, зелено светло за Македонија во Мај?

0
1648

Францускиот претседател Емануал Макрон денеска по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз, изјави дека Франција ќе ги повлече резервите за  проширување на следниот совет на ЕУ во мај доколку Европската Комисија до крајот на месецот ја изготви предлог методологијата за проширување со која би се адресирале барањата на Франција.

Макрон изјави дека сака Самитот во Загреб да биде успешен и дека промената на методологијата на преговарачкиот процес е предуслов за започнување преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ.

– Ги споделувам вашите напори да постигнете единство на Самитот во Загреб во мај и тој да биде успешен за Европа. Франција предложи нова методологија, со цел процесот на проширување не биде само бирократски процес, туку вистински политички пат напред кој може да биде и забрзан и реверзибилен, кој содржи услови, но и конкретни придобивки за земјите кандидати, изјави Макрон.

Хрватска од 1 јануари годинава го презеде претседателството со Европската Унија и главна цел за време од нивното раководење со ЕУ е нејзино проширување со земјите од Западен Балкан.