ОГРОМЕН СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА : Неквалитетни фалц горива од Албанија се продавале нелегално на македонски бензиски пумпи?!?!

0
7173

Според некои истражувања, неквалитетните нафтени деривати можат да загадуваат и до 20 пати повеќе отколку стандардните, квалитетни горива. Покрај ова, користењето на оваа „шкарт“ нафта, која често согорува нецелосно и го загадува моторот, може да предизвика сериозни штети и трошоци за сопствениците на автомобили.

Како што веќе објави А1он, пет компании годинава увезле нафта од Албанија: Алов Илинден- Скопје, Црна Река Петрол од Кавадарци, Супертрејд- Скопје, Гуливер инженеринг- Скопје и Дади Оил од Виница. Властите сè уште не се изјаснуваат за контролите врз увозот на овие фирми во изминатата година – дали и колку често се вршени контроли и што е констатирано?

За целиот случај можеби и немаше да се дознае, да не беше акцијата на косовската царина и спречувањето на увозот на милион литри албанска нафта. Според кажувањата на косовските власти, вакви случаи имало и порано, а нафта со лош квалитет честопати се наоѓа на бензинските станици во Косово. Во неколку случаи од 2010-та година наваму, во трговијата со „шкарт“ нафта биле вмешани и македонски компании, велат од косовската царина. Токму затоа е чудно што македонската царина во последните години не излезе во јавноста со какви било информации околу тоа кои се овие компании и дали се преземаат редовни контроли и мерки за спречување на оваа нелегалната трговија.

Анализата на косовската царинска лабораторија, како и посебни истражувања во две акредитирани приватни лаборатории во Косово, покажаа дека нафтата не ги исполнува критериумите за квалитет. Една од трите компании која ја нарачале нафтата од Албанија, „ХИБ Петрол“, инсистирала на втора анализа, по мостри биле испратени на анализа во Македонија, која го потврдила првичното истражување.

– Оваа количина на нафта беше наменета за косовскиот пазар. Доколку не се контролираше на граница, таа ќе беше дистрибуирана по бензиските пумпи. Потоа кога ќе беа земени мостри на дериватот од пумпите, сопствениците ќе беа казнети по најмалку 10 илјади евра за неквалитет, без нивна вина – посочува Фадил Бајрами од косовското Здружение на трговци со нафтени деривати.

На потег се македонските власти, кои покрај откривањето на компаниите кои се одговорни за увозот на неквалитетната нафта, ќе треба да откријат и на кои бензински станици завршиле дериватите со лош квалитет и дали можеби тие се се уште во промет?

Извор : Мактел.Мк ОВДЕ.