Огнен Јанески: Нека ви е честита „Ноќта на малите к*риња“

0
2053

Толку бука без ука? А тамам мислев дека С.О.Р.О.Ш. им дал пари да ја платат Виданка Георгиевска, да им ја запее “Ни на небо ни на земја за Шиптари место нема”. Па не бива без песна за братската шиптарско-каурска љубов меѓу #Ж и Али!

А бе луѓе, со кого водевте држава во коалиција скоро 10 (десет) години? Со стрина ви Везира? Каков народ, ееејј!!! За поводот за протестирање не коментирам, зашто е бесмислен! Да протестираш против институцијата која треба да ти ја потврди победата во која силно веруваш дека ти е сигурна, зашто знаеш дека си спровел фер, демократски и веродостојни избори. На страна фактот дека секој приговор досега е одбиен и во ваша корист. Освен доколку не протестирате за поддршка на СДСМ и на БЕСА.

Еве, не знам! Сешто!

Пред да си легнам, да ве потсетам, дека на протестите на кои јас одев, не носеа луѓе со автобуси од другите градови, за одвај да соберат, па еве нека е и илјадарче сосе три од кочанот со серискиот број на чевленцата од Бонева. Излегуваа луѓе кои веруваа во идејата за слободна, правдољубива и сплотена Македонија.

Вие вечерва пеевте: “… нека разберАт клетите Шиптари, македонско име нема да загине…”.

Прво, од мое име им се извинувам на сите “клети Шиптари” за таа гнасотија од ксенофобизам и етнички настроена омраза. Второ, ги повикувам симпатизерите на која било од албанските партии кои освоија гласови на последните избори, а најмногу од ДУИ, да не ги заборават овие изблици на мозочни исцедоци, и во оној момент кога некој од нивните лидери ќе помисли да коалицира со ДПМНЕ, да го спречат тоа, зашто во спротивно ќе ве сметам за аморфна маса, која е безумна и разулавена. Да те навредува некој до коска, да не те смета за човек, да ти се заканува со “ноќта на ножевите” (а два збора в крст не прочитала за тоа) и притоа да дозволиш лидерот твој да коалицира со таквите, значи дека го прифаќаш сето тоа со кое те карактеризираат. А јас верувам и знам поради многу мои пријател(к)и и другар(к)и дека тоа не е така. Дополнително, не знам дали знаете дека двајца “клети Шиптари” на седницата на ДИК – Бедредин Ибрахими од ДПА и Субхи Јакупи од ДУИ очи копаа за да ги одбиваат приговорите, што вам ви оди во прилог! А бе еден стап да земе човек и да ве наплеска!

Трето, истиот тој – нотарот којшто ви се обрати, да го потсетам дека по телефон разговараше за “Република Македонија во заграда…” и дека името нема да ви загине од други, туку дека името ви е загинато од тие на кои им ракоплескате френетично, како да ја гледате Ацевата Олимпија со една цицка како го дои вашиот лидер.

Четврто – право на мирен протест имате по секој основ. Чавков нема право да ве снима со дронови и останати уфрлени камери. Нема да ви речам: “Ете гледате како ни беше нам?!”, зашто целта не е “мило за драго”, туку да биде “затвор за Врагот”. Откако сите овие лидери ќе ги снема од сцената политичка, ние повторно ќе треба да се видиме на улица.

Петто, и најважно: Никој никогаш до пред некое време, не можеше да замисли дека АнтониЈо, #ТодорOFF, #КоцеКоцка, #ВлатчеПобедивмеВоСвирипичино, оној Петровски како и да се вика, #ИлчеГебелс а.к.а. ХалкиDICKи ќе ги видиме на улица, протестирајќи и урлајќи за правда, пази сега – СЛОБОДА и дека немало правда, па така немало да има мир. Нели се тоа фразите кои ги презиравте? Нели беа тоа соросоидни хулиганизми и баханалии? Не ви е малку така, како жал за себе, што ве третираат како денарче ставено на пруга за воз да го згази и да ја изгуби вредноста? Ај овие “големциве” ќе ги разберам, се спасуваат. Ама вас не ве разбирам.

Шесто, како P.S. – на многумина од лидерите ви, им ја разбирам потребата да стојат и широко да отвораат уста пред ДИК. Сепак е тоа клучен збор во комуникацијата со странците, а потсвесно им ја разгорува страста, зашто е темел во топонимот ХалкиDICKy. А dickY е фрустрирачки.

Нека ви е честита “Ноќта на малите к*риња” или “The dickY night”. Кубурите чувајте си ги за зло-време.

Фејсбук статус на Огнен Јанески