Овој што вози Сеат во бомбите на Заев ИМА ДА СКАПИ ВО ШУТКА ИЛИ ИДРИЗОВО : СЈО бара притвор за Сеад Кочан!!!

0
1738

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори нова истрага со кодно име „Труст“ со која сомничи три фирми и три физички лица дека со фалсификувани документи го добиле тендерот за ископ и јаловина и јаглен во Суводол, вреден над 17 милиони евра.

SeadKochan672_2

Притвор се бара за 2 лица – Сеад Кочан, сопственик на „Трансмет“ (и воедно газда на телевизијата „Нова“) и Василије Авировиќ ополномоштено лице од „Силекс неметали“, фирми кои го добиле тендерот. Третата фирма од конзорциумот е „ВАТО“ од Скопје, а осомничен е директорот Сафет Ватиќ.

„Заради изигрување на постапката, била изготвена невистинита документација за механизацијата. Без таа невистинита документација, конзорциумот не можел ни да се натпреварува на тендерот“, изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

Според истражувањето објавено на „Призма“ изработено од Центарот за граѓански комуникации, за 100-те најголеми тендери во периодот од 2010 до 2014 година, овој тендер е четврт најголем во земјава.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека се проширува и истрагата за случајот „Титаник“. Сега истрагата опфаќа 17 лица кои се сомничат за повеќе кривични дела, меѓу кои и за незаконско финансирање изборна кампања, повреда на избирачко право и за аферата „Списоци“ што ја обелодени телевизијата А1 во 2011 година. Во случајот се осомничени повеќе функционери, членови на владејачката партија, но нивните имиња не се соопштуваат јавно.

Извор: Призма