Овој човек се соочил со еден од најголемите човечки стравови

0
1287
34-годишниот Реџиналдо Гомес од Бразил, одлучил да се тестира самиот себе во еден застрашувачки предизвик. Одење по жица на 500 метри висина, помеѓу карпите во општината Ларања да Тера, била неговата акробатска мисија.

Оваа снимка која предизвикува страв и грицкање на нокти од нервоза, ќе ви направи непријатно чувство во стомакот, посебно на оние кои се плашат од висина, пишуваDaily Mail.

https://youtu.be/m9y24xY1Me8

“Уф, тоа беше предизвик. Многу беше екстремно и можам да ви кажам дека бев преплашен таму горе”, истакнува Гомес.

Реџиналдо вели дека погледот бил фасцинантен и дека по неколку обиди успеал да ја заврши својата екстремна “домашна задача”.

Покрај неколкуте немарни потези, минал со лесен чекор по жицата на другата страна на карпата.

Минатата година овој храбар Бразилец извел слична акробација преку реката до водопадот “Cachoeira da Famaca”.