ОВОЈ СЕ ПОНАША КАКО МАЛО ДЕТЕ: Мицкоски ја напушти лидерската средба – револтиран бил од „форматот“.

0
1186

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ја напушти лидерската средба, која почна пред час и половина во Клубот на пратеници. Тој рече дека изразил револт поради форматот на средбата. Мицкоски упати апел до Заев да свика нова средба најдоцна до понеделник, но во стариот формат два плус два, односно меѓу лидерите на четирите најголеми партии.

Тој ги обвини владејачките партии за девијантно однесување поради поднесувањето на измените во Изборниот законик.

Средбата на лидерите на парламентарните партии кои имаат повеќе од еден пратеник и по напуштањето од страна на Мицкоски продолжува во Клубот на пратениците.

На средбата треба да се надминат разликите меѓу владејачките партии и опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.

Заев, како што беше соопштено од Владата вчера, лидерската средба ја свикува  во ваков состав (лидерите на сите парламентарни партиии со повеќе од еден пратеник) заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци.

На средбата присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со Радмила Шекеринска, Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева од ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Бујар Османи од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи и Имер Алиу од ДПА, Африм Гаши од едното и Билал Касами и Фадил Зендели од другото крило на Беса, Горан Милевски и Дуфе Кукоски од  ЛДП, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, како и Тито Петковски и Горан Мисовски од НСДП.