ОВОЈ МИНИСТЕРОТ СО БЕМКАТА Е СО ПРАВО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ – ДИМИТРОВ СО БРУТАЛЕН ОДГОВОР ДО ГРЦИТЕ : “НЕМА ДА ИГРАМЕ КАКО ШТО ЌЕ СВИРИТЕ” !!!

0
1884

Михали Игнатиу, еден од најугледните грчки новинари кој важи за близок со сите влади во Атина во последниве две децении објавува анализа во која вели дека министерот Димитров може да биде главниот виновник за неуспехот на преговорите за проблемот што Грција го има со името Македонија.

Игнатиу во анализата потсетува на потеклото на Димитров чие семејство потекнува од Егејска Македонија.

Во текстот објавен во „Хелас журнал“, авторот вели дека за разлика од Димитров, премиерот Зоран Заев е многу покооперативен.

„Тврдокорниот националист Никола Димитров предизвика сериозни проблеми за време на разговорите во Виена, брифираат анонимни извори за нашата интернет страница. Димитров го предизвикал гневот на преговарачот Метју Нимиц, кој наводно го предупредил министерот на Скопје дека тој создава повеќе проблеми за својата земја отколку за Грција.

Според нашите извори, однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас било за пример и дека тој го спасил потонатиот брод на преговорите, кои сега се карактеризираат со интензивни несогласувања.

Важно да се напомене дека предлозите на г-дин Димитров често биле во спротивност со оние на премиерот на Скопје, Зоран Заев во разговорите со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас и со Коѕијас.