Областа Хубеи во централна Кина може да се пофали со најубавиот понтонски мост кој преку прекрасниот пејзаж го следи текот на реката.
Овој живописен и бајковит предел претходно можело да се види само од чамец.
Дрвената променада во Шизигуан, за прв пат била снимена во саботата, за веќе следниот ден, 1. мај, меѓународниот празник на трудот, да биде откриена во јавноста.
Должината на овој мост изнесува 500 метри, а неговата линија ја следи реката, кружејќи околу планините кои ја окружуваат. На посетителите им е овозможено да шетаат во двете насоки. Бидејќи мостот плови на површината, туристите имаа чувство како да одат по вода.
Целиот предел е окружен од шума и неверојатни тонови на зелена боја, која дава чувство на спокојство и мир, пишува Daily mail.