Ова е дивоградбата од „бомбата“ на Заев за која зборуваат Ахмети и Груевски

0
1333

Како што рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вчерашната прес конференција каде ја презентираше новата бомба поврзана со функционери на ДУИ, дивоградбата што требало да биде срушена на пешачкиот остров спроти американска амбасада не само што е на своето место, туку е целосно изградена. Од сите страни на објектот се наоѓаат улици, а куќата излегува директно на булеварот „Никола Карев“, објави А1он.

divogradbakale-629x3201-540x275

По се изгледа никој не е вселен на првиот кат, додека во приземјето е сместен салон за паркет. Граѓаните кои живеат во близина не знаат во чија сопственост е објектот, но велат дека е постојано обезбедуван.

Кога екипата на „А1он“ пристигна на терен за да направи снимки од куќата, беше забележана од повозрасен човек кој го извади телефонот за да ги сними и фотографира новинарите. Откако новинарите беа снимени, човекот му се јави некому за да го извести за нивното присуство. Додека зборуваше на телефон, покажуваше кон екипата. Потоа ја премина улицата и се упати кон амбасадата каде разговараше со едно лице од обезбедувањето повторно покажувајќи кон новинарите. Враќајќи се назад ја одмина екипата и се изгуби зад куќата зборувајќи на телефон.

Повеќе од текстот и видеото на А1он на следниот линк.