Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи да иницира постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.
Предлогот за разрешување на републичкиот Јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, да го достави до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.
На денешната владина седница разрешен е досегашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Васе Доневски.
Генералниот секретар на Владата, Рашковски, и премиерот Заев
За нов директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата на Република Македонија, е именуван Пеце Мирчески, кој досега беше претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.
На седницата на Владата се разгледани првичните информации за последиците од невремето во тетовско, поради излевањето на Поројска река и се задолжени повеќе надлежни министерства за брзо формирање комисија која што ќе излезе на терен за брзо утврдување на настанатите штети. Истовремено дадено е задолжение на министерствата за транспорт и врски и за животна средина да изготват подетална информација за теренската состојба околу Поројска река, со цел трајно решавање на проблемот за жителите од овој реон.