ОВАЈ КОПИТАР ЛИЧНО КОМАНДУВАЛ СО ЛИНЧОТ?! Според позицијата на мобилниот телефон на Чавков 2 часа на денот на нередите во собрание бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?!?!

0
2288

Во рамките на истрагата сега е откриено и каде бил раководителот на оперативниот штаб Митко Чавков кој во тоа време беше и директор на Бирото за јавна безбедност. Чавков одбил да даде изјава на работната група во МВР, а досега не бил повикан во обвинителство на распит.

Чавков беше обвинет од министерот Нухиу дека не му се јавувал и не наредил акција на полицијата, а ден по инциднетите на единствената прес конфернација Чавков не одговараше на никакви прашања.

Кога во ходникот на МВР го прашавме каде бил тие два часа, тој само кратко ни одговори дека бил со колегите без да лоцира место.

Но истрагата сега успеала да го лоцира по позицијата на неговиот мобилен телефон. Со проверка преку базните станици е откриено дека во времето на упадот и на насилствата Чавков бил на стотина метри од Собранието.

Неговиот телефон бил фатен на базните станици ВМРО, Алмако и италијанска амбасада, во триаголникот во центарот на Скопје.

Тогашниот директор на јавната безбедност бил во овој дел на Скопје до 20 часот кога заминал во оперативниот штаб за протестите кој се наоѓа во кругот на МВР.

Извор: Телма