ОБСЕ ЖЕСТОКО ГИ ЗАПУКА ГРУЈО И ПРОВЛАДИНАТА МЕДИУМСКА ЏУКЕЛА МИЛЕНКО : ОБСЕ веќе нема да контактира со медиуми кои му даваат простор на Миленко Неделковски!

0
987

Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија остро реагира на изјавата на водителот Миленко Неделковски според која, голем број лица, повеќето новинари и политичари, треба „да се закопаат длабоко и врз нив да се стави една дебела, силна, армирана, бетонска плоча за веќе да немаат никакво влијание врз ова што се случува“. Мисијата на ОБСЕ одбива каков било контакт со Неделковски и со сите медиуми што му обезбедуваат платформа за да ги искаже таквите ужасни пораки.

milenko-grujo

Овие ставови на ОБСЕ денеска биле пратени и до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кој примил неколку реакции за неодамнешната изјава на Неделковски дадена за ТВ Сител од Кавадарци, како и за неговата емисија емитувана на Канал 5 телевизија на 15 февруари.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во претставката до Советот напишала:

„Со таа и други негови забелешки, тој ја надмина црвената линија во говорот на омразата, што е дејство што не смее да се толерира. Повикувајќи го Советот за етика во медиумите на Македонија да ги разгледа последиците од таквите изјави, Мисијата на ОБСЕ констатира дека во слободата на говорот и размената на различни мислења постојат граници кога се загрозени правото на живот и физичкиот интегритет на други лица. Освен тоа, според ОБСЕ, ова e штетно врз моралната едукација на идните генерации во државата. Забелешките на Неделковски се продолжение на негативната пракса на говор на омраза, како дел од неговите редовни искажувања. Мисијата на ОБСЕ во Скопје е вклучена во проекти против говорот на омразата. Доколку во медиумите се дозволува ширење на таков говор се компромитираат и се потценуваат нашите заложби“, се вели во реакцијата од Мисијата на ОБСЕ упатена до Советот на етика.

Според тоа, Мисијата на ОБСЕ во Скопје „одбива каков било контакт со Неделковски и со сите медиуми што му обезбедуваат платформа за да ги искаже таквите ужасни пораки“, се додава во реакцијата на ОБСЕ.

„Советот принципиелно ги осудува сите кршења на етичките и професионалните стандарди во новинарското известување, а особено кога станува збор за случаи во кои станува збор за ширење говор на омраза“, се додава во соопштението на СЕММ.