Образование на македонски начин: Универзитет за секое дете

0
1554

По кампањата „компјутер за секое дете“ и експанзијата на дисперзирани студии, ќе стигнеме и до „Универзитет за секое дете“, реагираат професори. Повод за реакција е новиот државен Универзитет „Дамјан Груев“, пишува Дојче веле.

Отсуството на опозицијата во парламентот, му овозможи на владејачкото мнозинство по скратена постапка да го усвои законот за основање на новиот Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“. Со тоа е отворен нов полигон за образовен натпревар, но многу повеќе за реакции и натамошни поларизации, бидејќи беше игнорирано предупредувањето на професорите дека со ваквите одлуки „уште повеќе ќе се корпоративизира високото образование“ и дека земјата нема финансии за одржување на седум државни универзитети.

„По кампањата ‘компјутер за секое дете’ и експанзијата на дисперзирани факултети, ќе стигнеме и до ‘Универзитет за секое дете’“, реагираат професори, а голем дел од нив стравуваат од „скриени намери за уништување на дел од постојните факултети“. Ваквата намера ја препознаваат во изјавата на Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дека „со основањето на новиот Универзитет целта е да се поттикне конкуренцијата, наспроти монополот на одредени факултети и одредени професори“.

Каков монопол? – прашуваат професорите, посочувајќи дека во Република Македонија, држава со околу два милиони жители, работат 23 државни и приватни Универзитети и Виши школи во 15 градови, на кои има 135 факултети и 466 наставни програми. Со „Дамјан Груев“, како и со претходно одобрениот Универзитет „Мајка Тереза“, таа бројка ќе биде уште поголема.

Целиот текст ОВДЕ