Обединети за Македонија: Од обединување-до победа!

0
1205
Сведоци сме на употреба и злоупотреба на претседателската изборна кампања.
Се претвора во битка за враќање на властохлепно минато на ДПМНЕ – на времето на БЈРМ кратенката и на заложништвото на земјата од страна на криминогеното раковдство на ДПМНЕ.
Кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски со денови рецитираат што се не чини во земјава и рекламираат што ќе направат кога и ако дојдат на власт.
Но – многуте зборови имаат единствен именител: ВЛАСТ! А ние знаеме и каков е резултатот на нивната ВЛАСТ. Изолирана, осиромашена Македонија, Македонија со галопирачки кредитни задолжувања фрлена на коленици пред вратите на банкротот, Македонија без иднина, со партиски ДПМНЕ службеник – наречен Претседател.
Токму таков е и сегашниот Претседател. Со интернет страница која вели дека не ги добил новите директиви од ДПМНЕ, Претседател е во и на минатото.
И Кандидатката Сиљановска-Давкова упорно заговара такво сценарио, иако професорката Сиљановска-Давкова знае дека сето нема врска со уставот и законите за претседателските права и должности.
Целата е нурната во битката за враќање на владеењето на ДПМНЕ.
Каде всушност не водат кандидатката и нејзиниот претседател Мицковски? Секако не само кон лошите политики. Тие се ЗАКАНА и за нашата, европската иднина и за младите.
А младите, како посебна социјална категорија, претставуваат основа за развој на општеството. Непобитно се поврзани со човечката димензија на европските интеграции и се основа за градење на Концептот на Европскиот Ѓраѓанин.  Профеосрката која вели дека не ги лаже студентите, ова би требало да им го каже, иако по плоштадите нејзините зборови имаат токму спротивно значење.
Иднината на младите на ДПМНЕ е за оние кои се подготвени да и слугуваат – да лепат плакати и да се партиски послушници како административни служебиници. Прогонот е за сите останати.
Затоа, ги повикуваме младите да гласаат против ваквата ДПМНЕ иднина. Да гласаат за европската и за својата иднина во неа! За модернизација наместо популизам и сервилен партиски патриотизам.
Обединети за Македонија цврсто стојат зад целинте на оваа коалиција.
 Зошто? Затоа што ние сме вистинското ВМРО, а она што оваа Влада го работи изминативе две години се токму заложбите на ВМРО од деведесетите години – за ЕУ и НАТО. Поддршката на коалицијата за ОМ претставува и продолжување на 2014 година. Затоа сме сега тука – повторно сплотени и со иста цел – како вистинско ВМРО , како доследност со која Обединети за Македонија застануваат зад обединување и заедништво.
Во овие извонредно значајни моменти за нашата земја, од исклучително значење е обединувањето чија цел се заедничка изградба на стабилно, економски развиено и просперитетно општество.
Поради тоа, мошне е значајно Република Северна Македонија да добие претседател кој ќе ги обедини граѓаните, без оглед на нивната национална, етничка или верска припадност, претседател кој ќе гледа кон иднината. Стево Пендаровски е токму таков.
ОМ е свртена кон иднината и кон предизвиците што лежат таму.
Подготвена е да вложи максимални напори за да ја направиме земјава добредојден партнер на целиот свет – модерна земја на среќни луѓе.
Да и дадеме шанса на среќата и на иднината.
Обединети за Македонија