НУКЛЕАРНА БОМБА: РЕКЕТ ПРЕМИНУВА ВО ПОТКУП, ПРВАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДЕЛО ПОДМИТУВАЊЕ ЌЕ ГО ДОБИЕ АНА КАМЧЕВА?

0
6132

Народен Глас дознава дека аферата РЕКЕТ полека преминува во ПОТКУП и дека веќе истрагата тера во насока да се гонат Орце и Ана Камчеви за поткуп со цел спас од кривичен прогон!

Веднаш по притворувањето, поточно во неделата на 10 ноември, во стан на тајна локација во Капиштец била повикана сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева.

-Јас бев притворен како што кажав на 8 ноември, петок, а во неделата мојата сопруга беше повикана од Зоки Милевски да се сретнат со Васе Димишков, адвокат од Скопје. Во вечерните часови, ден недела, мојата сопруга била однесена во таен стан во населбата Капиштец. Во станот биле мојата сопруга со Зоки, а Васе Димишков ги чекал во станот, појаснува бизнисменот Камчев во пријавата до обвинителството за организиран криминал.

Увертирата во земањето рекет, адвокатот Димишков ја започнал со тоа што на сопругата на Јордан Камчев почнал да и соли памет дека уште летоска му кажал на нејзиниот сопруг дека требало ,,да пушти некој денар” за да се подмачкале истрагите против него, а тој да си бил мирен. Васил Димишков, инаку брат на судијката Весна Димишкова уште во август 2018-та година се обидел да изнуди пари од Орце Камчев. Бизнисменот тоа не го сватил за сериозно тогаш, иако Димишков му предочил дека против него има распишано посебни истражни мерки. Камчев одбил било каква соработка со Димишков, бидејќи како што тврди се чувствувал невин и дека дури да имало ПИ-мерки против него, немало што да крие.

-…Васе и побарал 2,4,6 милиони евра (на Ана Камчева) во зависност од опцијата, при што и кажал дека поголема група на луѓе треба да се подмири од сумата и дека во оваа група биле вклучени и обвинителката Лиле Стефанова и неговата сестра, судија Весна Димишкова која после ова би заминала во пензија – додава Камчев.

На прашање на обвинителот, како би отишла во пензија кога не исполнува години старост, пријавителот Камчев изјави:

– Од тие причини сумата била голема затоа што после ова на судијата Димишкова би и завршила кариерата.

Инаку Весна Димишкова е судијката која го ослободи Заев за слуачјот ,,Поткуп” во кој премиерот беше обвинет дека барал 200 илјади евра поткуп од струмички бизнисмен, додека бил градоначалник на општина Струмица.

На крајот на ноември, пред Орце Камчев да биде ослободен од ефективен притвор, а мерката да биде заменета со куќен притвор, Бојан Јовановски преку Зоки Милевски-Кичеец ја контактирал сопругата на Камчев, Ана Камчева нудејќи и опција од 500 илјади евра во замена за укинување на мерката притвор за нејзиниот сопруг.

Боки Тредичи за да покаже дека е многу сериозен, дури и ја повикал Ана Камчева во неговиот дом во селото Орман, каде таа отишла заедно со Зоран Милевски-Кичеец. Како што објаснува Камчева во исказот пред обвинител, таа таму го затекнала Боки додека ја фарба косата, а косата му ја фарбал Сергеј Варошлија.

Наспроти нив седела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која ја уверила Ана дека ако дадат 500 илјади евра, мерката ефективен притвор ќе биде заменета со куќен притвор.

И така било…

Ана и Орце Камчеви, успеале во рок од неколку дена да соберат 350 илјади евра, а останатите 150 ги земале како позајмица од Кичеецот. Два дена подоцна Орце Камчев бил префрлен во куќен притвор. Откако заминал во куќен притвор, најчест гостин на семејството Камчеви бил токму Бојан Јовановски кој објаснувал што Орце би добил за 5 милиони евра, а што за 8 милиони евра.

-Осум милиони чинеше варијантата, предметот да заврши во СЈО, а доколку Врховниот суд донесе одлука дека тие не се надлежни да постапуваат по предметот, Катица предметот да го прати во редовното обвинителство, без докази, односно да бидат уништени доказите со кои наводно тие располагаат и оваа варијанта чинеше 5 милиони евра. Дека е ова така говори и фактот дека имаше поплава во подрумските простории на СЈО, каде беа уништени доказите во предметот Империја за кои сум јас меѓу обвинетите, тврди Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Вилма Рускоска.