НУКЛЕАРНА БОМБА ПУКНА ВО СУДНИЦА: Сведок за Маџар Телеком откри дека добивал закани да не сведочи

0
1466

Универзитетскиот професор Дејан Мицковиќ, кој сведочел за случајот „Маџар Телеком“, во Македонија но и во Америка, бил под постојани закани. Тој во еден период, односно од 2004 до 2006 година, бил претседател на одборот на директори Македонски телекомнуникации АД Скопје, пренесе Фокус.

Тој на денешното рочиште во Кривичниот суд, одговарајќи на прашање на обвинителката Лиле Стефанова, меѓу другото, појасни и за заканите кои ги добивал.

 -Пораки со заканувачка содржина добивав по меил уште пред моето сведочење и за тоа го известив тогашниот републички јавен обвинител Љупчо Шврговски, но и американскиот истражител. Подоцна со овие пораки го запознав и обвинителот кој го водеше случајот во Македонија, Марко Зврлевски, рече сведокот.

Тој појасни дека тогаш федералниот судија кој го водел случајот во Америка, донел одлука да биде третиран како загрозен сведок и неговото сведочење да не се објавува во текот на постапката.

На прашањето на обвинителката Стефанова дали се утврдило кој му се заканува, сведокот истакна:

-Не се утврди, меѓутоа јас и покрај пораките сведочев кога и да бев повикан.

Повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на ,,Фокус” ОВДЕ