НСДП: Груевски не може да се спаси преку избори што сам ќе ги организира

0
1194

nsdp-logo

Истрошени и депласирани се било какви тези или изјави кои алудираат на граѓаните како извор на легитимитетот на власта од човекот кој успеа за девет години да ги погази сите вредности, принципи и норми што значеа деморкатија, граѓанска и политичка култура или слобода, смета НСДП.

„Соочен со неминовната потреба да си поднесе оставка и целиот политички систем да го ослободи од коруптивните стеги на фамилијарната клика, Груевски вчера повторно се обиде реторички да демонстрира демократски капацитет пред јавноста и меѓународната заедница со неговата изјава дека: „Влада може да состави само народ“.

Груевски треба да разбере дека повеќе не може да си прави лични и фамилијарни планови за политички спас преку избори кои би биле организирани од него и неговата политичко-коруптивна клика“, се наведува во соопштението на НСДП.

Според партијата, само оставката на Груевски и на целата Влада може да биде системска увертира за спроведување избори кои отуѓениот суверенитет ќе го вратат во рацете на граѓаните и ќе ги постават демократските темели на идната власт. Се друго, според НСДП, е само политичка калкулација на очаен политичар кој се обидува да се спаси од „бродот што веќе потона“.