НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ СЕ ОДВИВАЛА ВИСТИНСКА КРИМИ ДРАМА: Уапсени 4 дилери на кокаин, еден фатен на аеродром со торба полна девизи, уапсени и директор на царина и 12 газди на дискотеки, адвокати, шефови во администрација, бизнисмени и банкари!

0
2099

Од извршените претреси пронајдени и привремено одземени се: одредена количина на кокаин, парични средства, пет патнички возила, еден пиштол марка „карл валтер“, две пушки и 52 куршуми различен калибар, два панцира. (Фото: МВР)

Во синоќешната акција на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-мина кои купувале кокаин, а кои, како што велат од МВР, биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација.

Четворицата уапсени дилери се И.Ј. (41), Б.Ј. (31) двајцата од населбата Ченто, Н. М (37) од населба Чаир, и Д.Р. (19) од село Арачиново, на кои ќе им бидат поднесени кривични пријави за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица“, соопштија од МВР.

Во рамки на истрагата, претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за овозможување на употреба на наркотични дроги.

Од МВР велат дека истрагата се спроведувала изминативе три месеци, а целта била сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која била идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност и која се занимавала со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје.

„Операцијата почна во момент кога лидерот на криминалната група се обиде да ја напушти државата, а лишен од слобода беше на Скопскиот аеродром. Со поголема количина на парични средства. Исто така од слобода беа лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом“, велат од МВР.