НОРВЕЖАНЕЦОТ НА ЧЕЛО НА ЈУНАЈТЕД, СОЛСКЈАЕР ГО МОТИВИРАШЕ САНЧЕЗ НА КОМИЧЕН НАЧИН : Алексис е како кечап, кој го стегате но никако да излезе, но потоа целиот се истура!

0
896

Привремениот предводник на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер одби да се согласи дека завршил најдобриот период од кариерата на Алексис Санчез.

Норвешкиот стратег истакна дека се уште верува во Алексис и го спореди со шише кечап, со што му даде дополнителна мотивација пред средбите со Челси и Ливерпул, кои ќе ја одредат насоката на Манчестер Јунајтед за останатиот дел од сезоната.

-Алексис се уште е прилично млад. Има 30 години, но може да игра уште неколку години на високо ниво. Овде е само една година, а јас сум овде два месеци, а кога пристигнав беше повреден, па не е фер да очекувам веднаш да биде во топ форма. Сигурен сум дека ќе го видиме најдоброто од него до крајот на сезоната.

-Знаете, тој е како шише кечап кое го стегате но никако кечапот да излезе, но потоа наеднаш целиот се истура. Сигурен сум дека ќе биде добро во следниот период- заклучи норвешкиот стратег кој е фаворит да остане перманентно на „Олд Трафорд“.

Инаку, Санчез оваа година има постигнато само еден погодок во Премиер лигата оваа сезона, а даде уште еден во ФА Куп пресметката против неговиот поранешен клуб Арсенал.