НОКАУТ ЗА РЕЖИМОТ ОД БЕРЛИН : Да се расчисти списокот, да се решат медиумите и да се договори датум за избори!

0
1332

Пред утрешните протести странците со загриженост гледаат на ситуацијата во Македонија.

„Владата мора да обезбеди Специјалното јавно обвинителство да може без пречки и влијанија да ја исполнува својата задача.

Освен тоа, партиите би требало да се договорат за нов термин за изборите и да покренат јасно дефинирана реформска програма. Притоа, во прв ред станува збор за создавањето на минимални стандарди за одржувањето на кредибилни избори, како што е расчистувањето на гласачките списоци, неограничениот достап до медиумите и поделбата меѓу партија и држава.

Но, исто така, не смее да биде изгубена од вид ни пошироката реформска програма, за која исто така е постигната согласност во Договорот од Пржино. При обидите за посредување Комисијата на ЕУ, која се поддржува од нашиот специјален пратеник Хајндл, зависи од волјата на македонските партиски врвови за соработка“, вели во интервју за Фактор Државниот министер во германското МНР Михаел Рот.