Нокаут за „патриотите“ на Грујо – „Шпион“ открива: Илија Димовски бил ПРИЈАТЕЛСКА ВРСКА за грчката и унгарската разузнавачка служба!

0
2725

„На 13.05.2009 година остварив средба и контакт со пријателската врска Илија Димовски, актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Велес и близок соработник на Никола Груевски, при што добив информации и сознанија во врска со состојбата во партијата, проблемите во државата, прашањата за коалицијата со ДУИ и прашањата за Македонија и Србија. Разговорот го водев имајќи ги предвид вашите прашања и се обидов да добијам вистински и моментални сознанија за сите работи и ситуации во државата“.

ilija-dimovski

Ова е само дел од писмениот извештај на првообвинетиот во аферата „Шпион“ Марјан Евфремов, создаден на 20.06.2009 година и испратен до унгарската разузнавачка служба, заведен како „ИЛЕ-3“.

Овие податоци, содржани во пресудата за случајот „Шпион“ која судот ја напиша на 1.056 страници ги откриваат сите соработници на поранешниот разузнавач Мајан Ефремов, чии информации во писмени и шифрирани извештаи биле испраќани до двајца разузнавачи на унгарската разузнавачка служба како и на разузнавачи во грчката служба.

За конкретниот извештај, со наслов ИЛЕ-3, во пресудата се наведува дека: „од увидот во писмениот извештај од 20.06.2009 година, Судот утврди дека обвинетиот Марјан Ефремов го составил овој писмен извештај за потребите на унгарската служба, откако претходно остварил средба со „пријателската врска“ Илија Димовски пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Велес од кого ги добил информациите детално наведени во извештајот, а во врска со политичката ситуација во Македонија, економската криза, започнувањето на преговорите на Македонија со ЕУ, односите помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, прашањата околу Македонија и Србија за спорот со МПЦ и слично“ – наведува судот во пресудата.

Целиот текст на Саше Димовски може да го прочитате ОВДЕ