НОВ ШОК ОД РЕЖИМОТ, НОВ МЕГА СКАНДАЛ: Владата ги суспендирала сите решенија донесени од Спасовски во МВР и Ременски во Труд и социјала

0
1087

Вчера на седница на Владата, дополнителите заменици министри Чавков од МВР и Спасов од Труд и социјална политика, побарале, а Владата аминувала поништување на сите решенија што ги донеле министрите од СДСМ, Спасовски во МВР и Ременски во труд, објави „Либертас“.

Иако само министерот по закон има овластување да го прави тоа, Владата вчера без наше присуство ги прифатила барањата на замениците министри од ВМРО-ДПМНЕ, Чавков и Спасов, да се врати се по старо, односно промените што ние сме ги направиле да се суспендираат – потврди за „Либертас“, министерот Оливер Спасовски.

Суспензијата за решенијата за Труд и социјала веќе излегле во Службен весник и со тоа стапуваат на сила, а за МВР најверојатно ќе бидат објавени во текот на денот.