Новото демо видео на Unity ги брише границите на реалноста и анимацијата

0
1555
Малку по малку, игрите и компјутерската генерација ги бришат границите на виртуелната и реалната слика, а ова е само уште еден доказ за тоа колку графиката напредува.

Компјутерската анимација денес е толку добра, па некогаш не може да се види разликата помеѓу анимацијата и реалната снимка направена со помош на видео камера. Компјутерските анимации станаа толку реални што ја променија филмската индустрија, а се чини дека сепак сме на почетокот на нешто сосема ново.

Филмовите денес имаат се повеќе CGI елементи и со помош на моделирањето, анимирањето и пост-продукцијата, можно е да се направи речиси секакво сценарио кое што човек ќе може да го замисли. Последното демо видео на Unity само докажува колку далеку е компјутерската анимација и во кој правец ќе се развива.

kompjuterska-grafika-animacija-tocka-2016-01

Прекрасно моделиран робот, совршена анимација и движењa, неверојатни детали во целата околина, рефлексии, сенки – најновиот краток демо филм на Unity наречен The Adam е рендериран во реално време и изработен со помош на Unity платформата на резолуција од 1440p на GeForce GTX980 графичка карта. Премиерно е прикажан на Unite Europe конференцијата оваа година.

Ова видео покажува колку всушност Unity е добар, па се очекува дека ќе биде користен од бројни филмски студија. Ако фотографијата говори илјада зборови, тогаш ова видео говори милион. Двоен клик за Fullscreen, подесете резолуција и уживајте.

Извор : Точка.Мк