Нови над 50 илјади денари пари на граѓаните од касата на НУ Центар за Култура завршиле овојпат во кафеана “Облаче”

0
1345

Како што може да се види, од официјалните документи јавно достапни на веб страната на Бирото за јавни набавки, директорот на НУ Центар за Култура – Крива Паланка, Александар Рангелов, од шала потпишувал фактури по 200 и 300 евра за ручеци по кафеани.

Најверојатно, меракот да се јаде и пие на туѓа односно на сметка на граѓаните бил голем.

Во народот има една изрека која вели: Кога е без пари е најслатко. Но ова недомаќинско управување со народните пари ги поминува сите црвени линии.

12810129_811160295678411_1017419706_o

Во време кога поради светската економска и европската должничка криза сите држави ги кратеа непродуктивните расходи, нашиве властодршци, поготово за овие локалните директори “немало зима”. Тие се однесувале како да сме Швајцарија на Балканот.По кафеанските сметки може да се заклучи дека воопшто “не се фаќале за џеб”, односно овој луксуз им го плаќал народот.

12822944_811160429011731_522843653_o

Граѓаните заслужуваат да знаат како се трошеле нивните пари.

Секој кој се огрешил од законот мора да одговара а украденото да го врати назад.

Во Македонија мора да завладее правото и правната држава.